Летни топлини на северната хемисфера или зимски шарм на јужната? Без разлика дали вашата замисла за совршен одмор вклучува пријатни и мирни плажи, посета на мирни природни убавини или, пак, живописни фестивали, многу музика и мултикултурализам, ние ви нудиме неколку дестинации кои е најдобро да се посетат во месец јуни.
1. Санторини, Грција
Бели градби, азурни куполи и неверојатни зајдисонца – тоа го нуди Санторини во Грција. Времето овој период е топло, но пријатно за истражување на шармантните села на островите. Имате можност да се капете во кристално чистата вода, да се релаксирате на уникатните вулкански плажи или да уживате во вкусна грчка кујна. Јуни е почеток на пикот на туристичката сезона, така што островот периодов има посетители, но не е преполн.
2. Кјото, Јапонија
Во јуни Кјото е мирно и живописно искуство со бујни градови и антички храмови. Овој период од годината, живописните хортензии, цветови кои ги красат градините на храмовите и парковите, ќе бидат насекаде околу вас. Овој месец завршува и фестивалот „Аои Мацури“, кој е вистински начин за да ја доживеете јапонската култура и традиционалните костими и храна, а да уживате и во туристички спокој пред летните гужви.
3. Барселона, Шпанија
Барселона во јуни е жива, градот периодов нуди пријатни температури, идеални за плажата Барселонета или истражување на архитектонските чуда на Антони Гауди, како Саграда Фамилија и Парк Гуел. Во јуни овде се случува музичкиот фестивал „Примавера саунд“, кој привлекува љубители на музика од целиот свет. Долгите денови и живата атмосфера ја прават Барселона вистинско место за да се запознаете со богата култура, добра кујна и добар ноќен живот.
4. Рејкјавик, Исланд
Рејкјавик во јуни го овозможува феноменот на Средноноќното сонце, кога дневната светлина трае речиси 24 часа. Ова е одлична прилика за истражување на надреалните пејзажи на Исланд, од гејзери и водопади до вулкански кратери и топли извори. Градот изобилува со културни настани и фестивали, кои ќе ви бидат одлична атракција во периодот додека престојувате.
5. Мауи, Хаваи
Спој на релаксација и авантура. Прекрасните плажи во Хаваи се идеални за сончање, нуркање и сурфање. Посетете ги совршените Каанапали и Ваилеа на островот, истражувајте ги бујните пејзажи на патот до Хана или пешачете низ Националниот парк Халеакала. Времето во јуни е пријатно, топло и делумно влажно, со што се создаваат идеални услови за активности на отворено.
Ако размислувате дали да патувате во јуни, не двоумете се! Светот нуди низа различни искуства – од културна живописност на градовите, до природна убавина на националните паркови и мирни одмори на плажа на тропски остров.