Пролетта воопшто не е посакувано годишно време за оние кои се соочуваат со пролетни алергии. Организмот е преосетлив кон даден алерген, кој во овој период најчесто е поленот, додека алергиска реакција претставува реакцијата на имунолошкиот систем на организмот кон дадениот алерген. Со причинување на алергиската реакција, имунолошкиот систем го штити организмот од штетни алергенси.
Кивање, чешање во пределот на носот, грлото и очите, темни кругови околу очите (предизвикани од ограничениот проток на крв околу синусите), насолзени очи, коњуктивитис и ринитис, се најчестите симптоми кај пацентите кои се алергични на полен. Кај мал бој од нив може да се јави и потешка форма на болеста, односно алергиска астма.
За сезонските алергии има и други чести причинители. Тоа може да биде и генетска предодреденост или инхалаторни алергени како полен од трева и дрва, домашна прашина, микрокрлежи, животнски влакна, аерозагадување и сл. Како причинители се јавуваат и нутритивни алергени како конзерванси, млеко, јајца, чоколадо, јагоди и сл., како и отров на инсекти и сончева светлина (УВ зраци).
Како да си помогнете?
Доколку сте алергични, засилете го вашиот имунитет. Редовно консумирајте пробиотици, храна богата со витамин Ц и Д, како и цинк. За да го зајакнете имунитетот може да користите и масло од црно семе, масло од семки од грепјфрут, мед, прополис, ехинацеа итн.
Важно е да ја почитувате медикаментозната терапија од лекар, која најчесто се сведува на назални деконгестиви, тописки, орални или инхалатори кортикостероиди, антихистаминици или блокатори на леукотриени.
Исто така, можете да избегнувате активности во градина или вежбање на отворено во деновите кога концентрациите на полен се високи. Носете очила за сонце за да ги заштитите очите од поленот, прозорците во домот или во автомобилот држете ги затворени.
За прошетка изберете ги дождливите денови.