Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во светот, летово може да биде слободен играч. Ова го навести неговиот менаџер Рич Пол во телевизиска емисија.
Минатата година Кралот на кошарката потпиша договор на две години, со тоа што втората е опционална, доколку тој сака да остане. Иако се веруваше дека Леброн ќе остане во Лос Анџелес, барем уште следната сезона, сега се најавува пресврт.
„Џејмс е слободен играч. Морам да се фокусирам на неговата работа, а Лејкерс нека ангажираат кого сакаат. Тој секогаш го покажувал најдоброто и играл кој и да бил негов тренер. Не знам што има намера да направи, но ќе ја донесеме најдобрата одлука“, рече Пол во гостувањето, во кое по текот на разговорот се чинеше дека кажа повеќе отколку што сакаше.
Договорот вреди сто милиони долари, од кои половина од сумата, односно нешто повеќе од 51 милион долари се за следната сезона.
Леброн Џејмс настапува за Лос Анџелес Лејкерс од 2018 година. Во 2020 година го освои шампионскиот прстен, а пред тоа двапати ги бранеше боите на Кливленд и двапати на Мајами. Притоа двапати беше шампион во НБА-лигата со Мајами, а еднаш со Кливленд.